Првиот програмер во светот

Други вести
Највести
Коментари и дебати
Антонија Поповска
Кабинетските дуќанчиња поважни од врвната наука
Професори, внесете ги новите учебници во редовната настава, дозволете им на вашите студенти да погледнат подалеку од вашите дефиниции, создадете луѓе со критички став. Ако ви е важно да произведувате квалитет и конкурентен ...
 
Мирка Велиновска
Преку глава ни е од политикантско мрсомудење
Мене на пример многу ме интересира дали Никола Груевски ретерираше од својата амбиција да ја прероди Македонија од заостаната транзициска вукоебина во солидна европска држава зашто се измори или затоа што, како и претходната ...
 
Александар Д. Балаловски
Првиот програмер во светот
Работите тргнуваат на подобро. Скопје ќе се гради во барокен стил. Одиме 300 години назад, па жени навалете - можеби некоја од вас ќе биде првата програмерка во новата ера на коњите и спомениците ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Работите тргнуваат на подобро. Скопје ќе се гради во барокен стил. Одиме 300 години назад, па жени навалете - можеби некоја од вас ќе биде првата програмерка во новата ера на коњите и спомениците

 
 
  

Колку и да се занесуваме дека живееме во машки свет, понекогаш едноставно фактите зборуваат пред егото, па застануваат во одбрана на полот што многумина го сметаат за инфериорен. Професионално, во светот на програмерите и ИТ генерално, жените се сметаат за помалку професионални, со помала страст во пристапот на работата, а најлошо од сé, во најголем дел случаи, тоа е поради нивниот став дека машките глави на теми поврзани со технологија размислуваат многу подобро за разлика од нив. Тоа е поразителниот факт за нив. Непостоењето на нивната професионална тврдокорност.

Од друга страна, пак, за нив навива еден аргумент што никој од машката програмерска популација не може да го побие - првиот програмер во светот бил жена. Ада Лавлејс (Ада Аугуста Бајрон) или ќерката на познатиот Лорд Бајрон. Денешната технопанк-генерација, која за жал сé уште не може да го сфати концептот на приватност, безбедност и дуплирање на идентитетот, впрочем не ни заслужува да се нарекува технопанк-генерација. Своевремено, во развојот на тоа што авторот сега е (професионалец ундер цонструцтион), постоеле заедници што преку своето знаење успевале да навлезат во порите на општеството и да придонесат голем дел од светското технолошко помодарство да го презентираат во нашето општество. Од другата страна биле политичарите, кои потпишувале договори со компании од рангот на „Мајкрософт“ и други кои, пак, неумешно имплементирале проекти од областа на слободниот софтвер, за кои никој не кажал статус и степен на постигната реализација или, не дај боже, успех.

Не е ништо страшно од тоа, страшна е проблематиката со која луѓето денес се занимаваат и зависат од нешто толку нестабилно како технологијата, а не обраќаат внимание на она што секојдневно ги опкружува. Вадиме пари од автомати, 8 часа од денот ни поминуваат пред компјутери, по болниците нашите резултати зависат од компјутерските анализи итн., до ниво на најави за електронско гласање преку кое секој регистриран потенцијален гласач својот глас на избори би можел да го даде преку Интернет. Но никој не се прашува зошто работите се такви какви што се. Земете го за пример образованието. За време на претходните гарнитури беа потпишани милионски суми со договори од кои никој од обичните граѓани не виде фајде. Ама некој виде. Потоа дојдоа на ред другите, ги натераа професорите преку ноќ да почнат да одржуваат компјутерски предавања на часови какви што се биологија или историја, без воопшто да се разгледа ситуацијата во случај кога се работи за професор без никакво технолошко образование. Едноставно некои луѓе не знаат да работат на компјутер, факт. И не само тоа, туку и ги натераа да користат оперативен систем што е различен од тој што претходно го користеле. Лично, како поддржувач и активист за промоција на слободен софтвер, сето тоа го наоѓам смешно.

Не е дека не поддржувам вакви проекти, напротив. Но се работи за еден зомбифициран проект од кој не може да произлезе квалитетна слика за тоа што сé може да се добие со користење на слободниот софтвер. Дали тоа е тактика што се крие во сузбивањето на можноста за понатамошно контролирано исфрлање на моделот на слободен софтвер во образованието, останува да шпекулираме. Сé додека не излезе Министерството за образование и ни објасни што впрочем се постигнува со новото потпишување договор (од 10.02.2010 г.) меѓу “Мајкрософт&рдљуо; и МОН. За какво учење ќе партнерствува “Мајкрософт&рдљуо; со установа што ја плаќаме сите ние? Апсурден е до ниво на контрадикција фактот што повторно се потпишуваат договори со компанија што ги повикува учениците да не ги споделуваат своите дела со другите, туку да им наплаќаат за нивно користење, во време кога целото образование е во еден транзициски период на премин од неслободен кон слободен софтвер? И секако, зошто на сајтот на МОН сé уште нема објавено никакви информации за ова партнерство и елаборирано до детали?

Едноставно, процесот на учење треба да биде транспарентен. Затоа што утре ќе се појават батулиња со актовки што ќе инсталираат софтвер на машините за гласање кој нема баш да знаеме што прави затоа што го следи бизнис-моделот на “Мајкрософт&рдљуо;. Тоа би било аналогно на пуштање апарат за одржување на дишење кај болен човек - без да знаеме што впрочем се случува. Па би се надевале, најверојатно ќе преживее. Ама молчете... работите тргнуваат на подобро. Скопје ќе се гради во барокен стил. Одиме 300 години назад, па жени навалете - можеби некоја од вас ќе биде првата програмерка во новата ера на коњите и спомениците, кои се темелот на секоја технолошка гранка.

Авторот е информатичар

 
   
Автор: Александар Д. Балаловски  
 
   
   

сподели на пинг
   
 
   
Веста е прочитана: 364          Оценка: 1,74  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
tome
Одамна не сум прочитал некој толку да треси зелени и тоа јавно. Не сте вие весник од тоа ниво, и тргнете го несреќников... Ве молам... Постои една изрека: Паметниот човек не само што не зборува глупости туку и не сака да ги слуша.
 
ММ
Ако си програмер, биди си тоа а не политичар а недај боже архитект.
 
bojan
Авторот е информатичар...можеби...од некој подрум...не пуштајте секакви да пишуваат текстови по весников губите кредибилитет...
 
Musso
Момак Муссо преферира LINUX. Чиј се бе ти и кој те кладе тука? Очито дека НМ има проблеми во редакцијата кога може и вакви да пишуваат се и сешто.....
 
roxsena
zatoa te stavija tuka da rabotis za gluposti da pisis kaj che najdis podobar branitel na makedonija od nikola gruevski zastramise predavniku
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski